Проект „QR coding and decoding“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Проект „QR coding and decoding“

Ученици од нашето училиште земаа учество во краткотрајна ученичка размена во Бига, Турција преку проектот „QR coding and decoding“ – Erasmus+. Тимот беше составен од ученичките: Ели Керова, Вероника Кузманова, Паола Кадиева, Сандра Јованова, Марија Давчевска и Ивона Андреева, со наставниците: Филимена Костова и Александра Стојановска.

Пристигнавме во училиштето „Мехмед Акиф Ерсој“ во Бига. Пред влезот нè поздрави споменикот на Ататурк, националниот херој на Турција. Во училишната сала се запознавме со тимовите од Турција, Полска и Романија. Концертот на бендот и илузионистичкото шоу од страна на домаќините нè воодушеви сите, ученици и наставници.

Активностите продолжија во интегративни игри, а најдоброто од програмата беше „Treasure Hunt”. Благодарение на оваа игра ја запознавме топографијата на училиштето. QR кодовите што беа обележани низ училиштето вклучуваа прашања за сите земји-партнери.

Го посетивме Чанак Кале каде што имавме можност да го видиме моделот на Тројанскиот коњ. Попатно ги видовме урнатините на Троја, антички град на западниот брег на Мала Азија, современа археолошка локација. Првото истражување во оваа област било спроведено во деветнаесеттиот век од страна на германскиот археолог Хајнрих Шлиман. Тој открил остатоци од девет градови на истото место.

{besps}stories/ucebna2018_2019/qr/sliki{/besps}

 

Следна станица беше Асос, антички грчки град со урнатините на дорскиот храм. Го посетивме шармантното село Кумаликизик, кое се наоѓа на листата на Светското наследство на УНЕСКО. Таму, вкусивме типичен отомански појадок. Потоа отидовме во Бурса, поранешен главен град на Отоманската Империја, во подножјето на планината Улуда, каде што посетивме неколку џамии и чаршијата Кожа- Хан. Од палубата за набљудување се восхитувавме на панорамата на овој прекрасен град. Бурса е четврт по големина град во Турција, кој бил запишан на листата на УНЕСКО во 2014 година.

Следеа активности во училиштето, каде што учениците направија мапи со QR кодови. Ги покажаа сите места што ги посетивме за време на патувањата. Подоцна, учениците од нашето училиште ја презентираа интерактивната книга за математика „Математички лавиринт”. Истата е многу корисна алатка за решавање на математички проблеми.

Посебен момент за тимот беше церемонијата на јазични игри и доделување на сертификати. Впечатлив беше настанот на доделувањето на сертификатите за учество. Говорот од страна на наставниците беше момент кој ги помести срцата на учениците со бран од емоции и групни фотографии.

Поминавме прекрасна краткотрајна ученичка размена со убави спомени, вредни за повторување.

Одговорни наставници:

Филимена Костова

Александра Стојановска

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den