РАБОТИЛНИЦА ОД ПРОЕКТОТ „КАРАВАН НА КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ“
На 2 ноември, во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ – Велес, се организираше работилница од проектот: „Караван на креативни работилници за креативно пишување“, реализиран со поддршка на Министерството за култура.
Главен организатор на настанот беше Елена Пренџова, а на него учестуваше и нашата ученичка Сара Николова од III-3 клас, под менторство на професорката Магдалена Сарагинова. Овие работилници беа реализирани во следниве градови: Велес, Штип, Прилеп, с. Новаци – Битола, Тетово и Скопје, како дел од манифестацијата „Нов културен бран“ – 2019 год. На првата работна средба, учениците твореа хаикуа (јапонски вид на пишување поезија) и учеа како да говорат на сцена.
Завршниот настан од работилницата се одржа на 9 ноември во Домот на културата во Општина Илинден, Скопје. На настанот учестуваа ученици од седумте населени места во државата, кои ги интерпретираа своите завршени хаикуа.
Одговорен професор:
Магдалена Сарагинова