Работилница:„Семејно насилство како да го препознаеме и истото да го спречиме“ Активност од проектот „Мировно образование“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Работилница:„Семејно насилство како да го препознаеме и истото да го спречиме“ Активност од проектот „Мировно образование“

Во рамките на програмата за Мировно образование, а во соработка со Првата детска амбасада во светот, Меѓаши, во просториите на нашата училишна библиотека се одржа работилница на тема „Семејно насилство, како да го препознаеме и истото да го спречиме“. На работилницата свое учество земаа триесет ученика од нашето училиште, под координаторство на одговорните професорки, Магдалена Сарагинова и Љубица Темелковска, членови на тимот за Мировно образование.

{besps}stories/ucebna2018_2019/mirovno/sliki{/besps}

 

На почетокот на работилницата, учениците на стикери ги впишуваа своите мислења и ставови за поимот, Семејно насилство, со што тие покажаа дека прераснуваат во општествено, одговорни личности.Дел од пораките имаа цел да ги мотивираат останатите во заедницата да пријават семејно насилство кај надлежните институции, додека пак сретнавме и такви кои јасно побараа поголем ангажман од надлежните околу овој проблем.Потоа ученичките Сара Николова и Марија Богоевска од II/3 клас ја презентираа подготвената презентација, по која следеше дебата.Од дебатата дојдовме до заклучок дека учениците веќе имаат формирано свој став за семејното насилство.Тие сметаат дека тоа е комплексен, општествен и социјален пробелем кој не засега сите. Некои од нив излегоа со јасен став дека колку е општеството одговорно за овој проблем, толку се одговорни и дел од институциите.Еден поголем дел од учениците многу добро се запознаени со законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство.По дискусијата учениците работеа во шест групи на следниве теми:Видови насилства:I група за Физичко насилство, II група за Психичко и III група за Сексуално насилство; IV група за Карактеристики на жртвата; V група за Причините за семејно насилство и VI група за Последиците од семејното насилство.Секоја група ги презентираше своите гледишта за дадената тема.

На крајот од работилницата најголем дел од учесниците се согласија дека се потребни многу повеќе работилници од ваков карактер, поради фактот дека секоја трета жена во Македонија е жртва на некаков тип на насилство.

Одговорни професори:

Магдалена Сарагинова

Љубица Темелковска

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den