РЕАЛИЗИРАНА ЕДУКАЦИЈА ЗА ДАВАЊЕ ПРВА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

РЕАЛИЗИРАНА ЕДУКАЦИЈА ЗА ДАВАЊЕ ПРВА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ

Во организација на Клубот на млади на Црвениот крст при Гимназијата и Активот по спорт и спортски активности, во просториите на спортската сала, беше организирано едукативно предавање од областа на давање прва медицинска помош, реализирано од страна на д-р Владо Хаџи-Наумов, активист на Општинската организација на Црвениот крст.

На предавањето беа присутни учениците кои имаат избрано спортска проектна активност – планинарење, бидејќи голем број од темите што се обработуваат на оваа проектна активност, беа прикажани и демонстрирани на ова предавање.

Голем беше интересот за знаења од оваа област кај учениците, дел од нив и практично демонстрираа вежби пред присутните.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den