На 11 април 2025 година, по повод Патрониот празник на ЦОУ „Васил Главинов“, се одржа рецитаторски натпревар за учениците од основните и средните училишта. Правилата на натпреварот налагаа од секое училиште да учествуваат по двајца рецитатори.
Нашата Гимназија ја претставуваа учениците: Лана Басаров и Димитар Кузмановод 1-2 клас, под менторство на професорЈовица Темов.
Во првиот круг учениците од средните училишта ја рецитираа песната „Татунчо“ од Кочо Рацин, а во вториот круг песната „Раѓање на зборот“ од Ацо Шопов.
Првото место го освои Лана Басаров, а второто место му припадна на Димитар Кузманов.
Честитки за учениците и нека им се множат наградите!