РЕЗУЛТАТСКИ БУМ НА НАШИТЕ СПОРТСКИ ЕКИПИ!

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

РЕЗУЛТАТСКИ БУМ НА НАШИТЕ СПОРТСКИ ЕКИПИ!

Во изминатиот период се одржаа повеќе спортски натпревари на општинско, зонско, регионално и државно ниво, а екипите од нашето училиште се закитија со голем број на медали и освоија високи места, уште еднаш потврдувајќи и докажувајќи дека сме најдобри.

По одигувањето на Општинските натпревари женската футсал екипа, освојувајќи максимален број на победи и забележувајќи значителен резултат, се издвои на врвот на табелата.

Талентот на девојките, стручната работа за време на тренинзите, поттикот и мотивацијата, не останаа незабележани и на Зонските и Регионалните натпревари кои се одиграа во Штип.

Женската футсал екипа под менторство на проф. Иле Попов, а во состав: Теодора Ѓорѓиевска, Јулија Живиќ, Кристина Николовска, Драгана Донева, Марија Јанева, Ангела Миревска, Анџела Зарковска, Мартина Далевска и Марија Давитковска учествуваше на Државното првенство кое се одржа во Струмица. На првенството настапија најдобрите шест екипи од Република Македонија, а нашата екипа го освои четвртото место.

1

На одиграните натпревари на ниво на Општина Велес се гордееме и со машката екипа во футсал, која забележа најдобри резултати совладувајќи ги екипите на сите средни училишта во градот. Екипата ја предводат професорите Славче Недев и Марјан Далев,а во нејзиниот состав се учениците : Филип Јовановски, Трајче Темелков,Бобан Атанасовски ,Јосиф Манасиев, Насаф Шабанов, Ане Ташевски, Кристијан Јовановски, Атанас Јовановски, Адис Батиловиќ, Белмин Лековиќ.

И женската одбојкарска екипа на нашето училиште го носи епитетот најдобри во градот. Во рамките на Општинската лига за одбојка, нашите одбојкарки, под менторство на професорите Петре Петрушевски и Иле Попов, а во состав: Грозде Секуловска, Мартина Димовска, Ана Зафирова, Лилјана Хаџинаумова, Симона Борова, Славица Ацева, Елена Димова, Даниела Николовска, Ангела Петрова, Ели Керова, Николина Грујова, Сандра Темелковска, го освоија првото место оставајќи ги зад себе екипите на останатите средни училишта од градот.

Женската кошаркарска екипа под менторство на професор Зоран Јованов во состав: Вероника Бениќ, Евгенија Богоевска, Јулија Живиќ, Кристина Николовска, Сања Илијевска, Марија Мирова, Мартина Далевска, Марија Јанева и Анџела Зарковска го освои првото место на Општинските натпревари помеѓу средните училишта од нашиот град.Со тоа се здоби со право да учествува на Зонските натпревари, каде исто така го освои првото место. Со тоа се здобивме со право да учествуваме на Регионалните натпревари каде го освоивме второто место.

Државно првенство во одбојка на песок

На државното првенство во одбојка на песок кое се одржа во Скопје во средното училиште „Никола Карев“ учествуваа шест екипи. Нашето училиште кое го претставуваше екипата во состав: Ана Зафирова, Мартина Димовска, Лилјана Хаџи – Наумова и одговорните професори Петре Петрушевски и Иле Попов, го освои второто место. По два исцрпувачки натпревари го освоија првото место во групата со победи над екипата на Корчагин и Градежниот училишен центар. Во полуфиналето се бореа против Валандово и по три долги сета успеаа да обезбедат место во финалето.

На Државното првенство во ракомет за жени, екипата на Гимназијата во состав: Мартина Далевска, Марија Костовска, Марија Давиткова, Марија Јанева, Анџела Зарковска, Вероника Бениќ, Евгенија Богоевска, Јулија Живиќ, Кристина Николовска, Мартина Димовска, под менторство на Зоран Кочов и Мартин Ефремов, го освои шестото место.

1

Машката ракометна екипа на Гимназијата во состав:Филип Николов, Димитар Минов,Борис Ристовски,Давид Јанков,Рудолф Билиќ , Стојанче Мирчевски,Васил Витанов,Виктор Ристов,Бојан Солев,Далибор Белчовски,Кирил Аврамски,Марио Крстовски,Мартин Мишев,Јосиф Рушков,Александар Антов,Дарко Младеновски, која се подготвуваше под менторство на Зоран Кочов и Мартин Ефремов , стигна до финалето на Регионалниот натпревар.

Машката фудбалска екипа на Гимназијата во состав: Филип Јовановски Трајче Темелков Бобан Атанасовски Јосиф Манасиев Насаф Шабанов Ане Ташевски Кристијан Јовановски Атанас Јовановски Батиловиќ Адис Лековиќ Белмин Антонио Унчевски Исо Мушиќ Бојан Миланов ,под менторство на проф-Марјан Далев и проф-Славче Недев, учествуваше на регионалниот натпревар во фудбал во Свети Николе

НЕ Е ВАЖНО САМО ДА БИДЕМЕ ПРВИ, ВАЖНО Е ДА БИДЕМЕ НАЈДОБРИ!

Актив по спорт и спортски активности при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den