СА по Македонски јазик и литература вклучен во одбележувањето на Денот на училиштето

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

СА по Македонски јазик и литература вклучен
во одбележувањето на Денот на училиштето

Одбележувањето на Денот на училиштето оваа година беше во знакот на два јубилеја: 80 години од излегувањето од печат на стихозбирката „Бели мугри“ и 111 години од раѓањето на нашиот патрон, Коста Солев Рацин.

Почитувајќи го ликот и делото на нашиот патрон, активностите за одбележување на јубилеите ги отпочнавме уште на 25 ноември, со пригодна програма посветена на денот кога светлината падна врз страниците на збирката социјална поезија „Бели мугри“.

Како и секоја година, така и оваа, распишавме литературен и ликовен конкурс за учениците од деветто одделение од основните училишта во градот и околните места и учениците од средните училишта. Оваа година младите творци создаваа на тема: „Љубовта во нас не е создадена за да ја чуваш, тука да ја подаруваш“, на мајчин јазик и на странските јазици што учениците ги изучуваат. На конкурсот пристигнаа успешни литературни и ликовни творби. Жири-комисиите ги наградија најуспешните творби.

Во категоријата творби на мајчин, македонски јазик, од основните училишта наградени беа петмина ученици. Трета награда им е доделена на учениците: Стефани Стојчева од ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ од Иванковци, ментор – Наташа Брезовска-Богоевска и Илија Амбарков од ООУ „Кирил и Методиј“, ментор – Анита Мирчева. Со втора награда ги наградивме учениците: Сара Јовева од ООУ „Васил Главинов“ од Велес, ментор – Билјана Лепидовска и Стефани Зафировска од ООУ „Тодор Јанев“ од Чашка, ментор – Мирјана Кичукова. Првата награда ја доделивме на Јована Масинова од ООУ „Кирил и Методиј“, ментор – Анита Мирчева.

Во категоријата творби на мајчин, македонски јазик, на учесниците од средните училишта, жири-комисијата им ги додели следниве награди: со трета награда се наградени учениците: Љиљана Мишева од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Магдалена Сарагинова; Стефани Мулева од ССОУ „Коле Неделковски“, ментор – Мариче Стојанова; Тамара Илијевска од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Весна Павлова. Доделивме две втори награди на ученичките: Наталија Купенкова од ССОУ „Димитрија Чуповски“, менор – Верица Николова; Бојана Спасовска од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Цветанка Карамаркова. Првата награда и припадна на Ленче Ѓорѓиова од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Александра Стојановска.

На литературниот конкурс пристигнаа и творби на мајчин албански јазик од основните училишта и од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. Во категоријата основни училишта доделени се следните награди: трета награда освоија учениците од ООУ „Лирија“ од Горно Јаболчиште: Улзани Шаќири, Мерва Садикова и Семине Зејнели. Ментор на сите третонаградени ученици е наставникот Африм Зеќири. Втора награда освоија учениците од ООУ „Васил Главинов“ с. Бузалково: Нафије Тахирова, Сенадие Кадриева и Арта Адеми. Прва награда освои ученичката Заиде Бакиовска, од ООУ „Васил Главинов“ с. Бузалково. Ментор на сите наградени ученици е наставничката Зулејха Незири.

Во категоријата творби на мајчин, албански јазик, од средните училишта, сите учесници се од СОУ Гимназија „Кочо Рацин“, а нивен ментор е професорката Линдита Маликова. Награди добија следниве ученици: трета награда освои ученичката Вјолца Етеми, втора награда доби Влориме Фератова, а со прва награда е наградена ученичката Мукадес Бакиовска.

На овој литературен конкурс на учениците им дадовме можност да творат и на странските јазици кои ги изучуваат. Меѓу учениците, најголем одзив, имаше за творење на англиски јазик. Третата награда на англиски јазик и припадна на ученичката Ленче Ѓорѓиова од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Мимоза Костоска. Втората награда и е доделена на ученичката Тамара Трајановска од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Мимоза Костоска. Со прва награда се закити ученичката Марија Андреева од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Соња Трајчева.

На ликовниот конкурс во категоријата основни училишта беа наградени следниве ученици: третата награда и припадна на Марија Кочова од ООУ „Кирил и Методиј“, ментор – Илко Стојановски. Втората награда ја доби Ѓорѓина Ѓошева од ООУ „Кирил и Методиј“, ментор – Илко Стојановски. Првата награда во оваа категорија ја освои Линдита Зеќири од ООУ „Лирија“ с. Горно Јаболчиште, ментор – Шенаси Усејнов.

Во категоријата средни училишта за своите ликовни творби со награда се закитија учениците: со трета награда – Емили Митревска од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Кристијан Тодоров. Со втора награда Кристина Кочова од ССОУ „Јовче Тесличков“, ментор – Илко Стојановски. Со прва награда Елена Настова од СОУ „Гимназијата Кочо Рацин“, ментор –Кристијан Тодоров.

Во категоријата средни училишта пофалени се и творбите на: Бојана Штерјовска, Клементина Ѓорѓиева и Серај Адили од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ментор – Кристијан Тодоров.

Уметничкиот дел од прогармата за доделување на награди беше збогатен со настапот на хорот на Гимназијата под диригентската палка на професор Атанас Зафиров и музички точки во изведба на учениците: Катерина Николова, Мери Спирова и Сандра Темелковска, а во придружба на гитара од учениците: Андреј Ковиловски, Дамјан Димовски и Љупче Зафиров. Водители на настанот беа учениците: Борис Ристов, Валерија Петрова и Ева Тодоров.

Завршната манифестација за одбележување на Денот на училиштето секогаш е резервирана за театарска претстава во изведба на младите актери од нашето училиште. Оваа година гостите имаа можност да ја проследат изведбата на театарската претстава „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ. Секако дека овие убави и амбициозни драмски проекти не би биле реализирани без несебичното ангажирање на учениците кои беа вклучени во изборот на текстот, музиката, гардеробата, реквизитите и шминката. Тие го изработија и флаерот и постерот за претставата и со својата креативност придонесоа претставата да заживее на сцената. Програмата ја водеа учениците: Деспина Миланова и Марко Инѓилизов.

Театарската претства беше топло примена од присутните кои ја пороследија со внимание и заинтересираност. Младите актери беа наградени од публиката со громогласен аплауз кој беше најголема пофалба и благодарност за трудот кој тие го вложиле во реализирањето на претставата.

Одговорни професори:Стручен актив по Македонски јазик и литература

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den