Сакаме да бидеме подобри-почитување на мултикултурни разлики

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Сакаме да бидеме подобри-почитување на мултикултурни разлики

Во периодот од 10.11.2016 до 12.11.2016година се реализираше проектот „Сакаме да бидеме подобри-почитување на мултикултурни разлики “во „Гимназијата Вељко Петровиќ “ во Сомбор на кој беа присутни 12 ученици од нашата гимназија.

{besps}stories/ucebna2016_2017/Sombor/sliki{/besps}

 

Идејата на проектот беше меѓународна соработка на четири Гимназии од Унгарија,Хрватска,Србија и Македонија,низ едукација на тема „Толеранција“и креативни работилници да се прошири историско-географското знаење на учениците, за земјите учесници во проектот,како и воочување и разбирање на различните култури,традиции и јазици.

Со креативните работилници учениците ја постигнаа целта на проектот за негување на мултикултурализмот,запознавање со културата,традицијата,историјата и мајчиниот јазик на земјите учесници.

Учениците стекнаа нови искуства и пријатни незаборавни сеќавања ,кои ќе можат да ги пренесат на своите соученици од „Гимназијата Кочо Рацин“-Велес.

 

Одговорни професори:Петре Петрушевски и м-р Пале Трпкова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den