Семинар за наставници по хемија

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Семинар за наставници по хемија

На 01.04.2017 година, наставниците по хемија од нашата Гимназија, Марјан Стојановски и Петранка Стојанова присуствуваа на IV-от семинар за наставници по хемија од средните училишта на Р.Македонија.
Семинарот организиран од страна на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, се одржа на Институтот за хемија при Природно – математичкиот факултет во Скопје. Во рамките на семинарот се презентираа прашања, задачи и искуства од досегашните натпревари по хемија, како и методики на решавање на задачи во хемијата.
Преку активно учество, презентирање на индивидуални мислења и меѓусебна дискусија, наставниците по хемија од средните училишта реализираа работилници на тема: Концептуални прашања и задачи, се со цел доаѓање до нови идеи и насоки во составување на прашања и задачи за натпреварите по хемија.

{besps}stories/ucebna2016_2017/seminar_po_hemija/sliki{/besps}

 

Предметни наставници

Марјан Стојановски

Петранка Стојанова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den