СПРОТИВСТАВИ СЕ! ЖИВОТОТ Е УБАВ БЕЗ НАСИЛСТВО

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

СПРОТИВСТАВИ СЕ! ЖИВОТОТ Е УБАВ БЕЗ НАСИЛСТВО

Декември е месец во кој низ цел свет се реализираат кампањи за одбележување на Светскиот ден против насилството врз жените и семејното насилство.

{besps}stories/ucebna2018_2019/beznasilstvo/sliki{/besps}

 

И нашата земја, преку различни активности, проекти, форуми, се приклучува кон подигнување на глобалната свест против насилството во кој-било облик и насочено против кој-било, а особено кон жените, децата и старите лица.

Оваа проблематика е третирана и со Кривичниот законик и Законот за семејство, кој ги опфаќа сите правни аспекти, кои произлегуваат од незаконските дејства и облици на насилство.

Нашата општина преку соодветни активности се вклучи во кампањата – 16 дена против насилството врз жената.

За таа цел, на 6 декември 2018 година, Организацијата на жените при Општина Велес, во просториите на нашата Гимназија, пред учениците од втора до четврта година, одржа предавање на тема „Насилството не е по твоја вина“. Предавачи беа Билјана Ангелова и Мирјана Трајкова.

Преку предавањето учениците се запознаа со облиците и фазите на семејното насилство, како и трајните последици по физичкото и менталното здравје на лицата кои се жртви на насилството. Присутните на предавањето апелираа до младите да дадат свој личен придонес во борбата на опшеството против сите видови насилство.

Не прифаќај го насилството!

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den