Спроведена хуманитарна акција
Гимназијата „Кочо Рацин“ секогаш докажува дека во неа учат и работат хумани луѓе. Гимназијалците секогаш сакаат и умеат да ја покажат својата хуманост и човекољубие.
{besps}stories/ucebna2016_2017/Humanitarna_akcija/sliki{/besps}
Еден од начините да им се помогне на оние на кои помошта им е неопходна се и хуманитарните акции кои во нашето училиште предизвикуваат голема заинтересираност меѓу нашите ученици.
Во соработка со здружението „Градиме иднина“ од Скопје и во рамките на проектот „Партиципација на родители за поголема грижа на ученици, на 17 и 18 овој месец, во нашето училиште се реализираше хуманитарна акција во која учествуваа сите ученици од прва до четврта година. Учениците и вработените во Гимназијата донираа најразлични средства: облека, обувки, храна, училишен прибор, прибор за лична хигиена
Донираните средства беа прифатени од здружението „Градиме иднина“ чија цел е да им се помогне на социјално загрозените семејства, повеќедетни семејства, како и семејства чии куќи се изгорени при пожар.
Секогаш несебично и со голема желба сакаме да им помогнеме на оние на кои тоа им е потребно.
Одговорни наставници: Весна Павлова и Цветанка Карамаркова