Свечено доделување на дипломи

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИТЕ НА МАТУРАНТИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2011/2015 ГОДИНА

Уште една генерација матуранти при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ го заврши своето четиригодишно образование. По тој повод на 10.08.2015 година на хотел „Романтик“ на свечен начин им се доделија дипломите.

Оваа свечена пригода беше соодветна да им се доделат признанија и на најдобрите ученици – првенци. За првенец на прва година е прогласена ученичката Наталија Стојановска од I-2 клас. Во генерацијата на втора година како најдобар беше прогласен ученикот Андреј Кодовски од II-2 клас. Од трета година со епитетот најдобра се здоби ученичката Марија Мијакова од III-3 клас. Во генерацијата матуранти која оваа година го заврши своето образование како најдобра се истакна Ирена Христова од IV-6 клас.

{besps}stories/ucebna2014_2015/dodeluvanje_diplomi/sliki{/besps}

 

Посебна чест ни претставуваше да го прогласиме првенецот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. Честа да биде прогласена за најдобра меѓу најдобрите и припадна на ученичката Ана-Марија Фаркаш од IV-5 клас.

Оваа година Наставничкиот совет при СОУ„Гимназија Кочо Рацин” и врачи признание на ученичката Тања Славева од IV-6 клас за нејзиниот исклучителен придонес за афирмација на нашето училиштето во повеќе наставни области и како амбасадор на поезијата и убавиот пишан збор.

На присутните им се обрати директорот на Гимназијата, г-дин Саше Андреевски кој ги поздрави матурантите и им посака понатамошен успех во нивниот живот и образование.

Традиционално кон матурантите се обрати и еден од класните раководители. Оваа генерација ја поздрави професор Петре Петрушевски.

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den