Доделување на дипломи

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИТЕ НА МАТУРАНТИТЕ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА 2012/2016 ГОДИНА

Генерацијата матуранти 2012/2016 година при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ го заврши своето четиригодишно образование. По тој повод на 15.08.2016 година во амфитеатарот на Младинскиот парк во нашиот град на свечен начин им се доделија дипломите.

{besps}stories/ucebna2015_2016/dodeluvanje_diplomi/sliki{/besps}

 

Оваа свечена пригода беше соодветна да им се доделат признанија и на најдобрите ученици – првенци. За првенец на прва година е прогласен ученикот Михаил Донев од I-1 клас. Во генерацијата на втора година како најдобра беше прогласена ученичката Наталија Стојановска од II-3 клас. Од трета година со епитетот најдобар се здоби ученикот Андреј Кодовски од III-2 клас. Во генерацијата матуранти која оваа година го заврши своето образование како најдобра се истакна Наталија Чанева од IV-4 клас.

Посебна чест ни претставуваше да го прогласиме првенецот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. Честа да биде прогласена за најдобра меѓу најдобрите и припадна на ученичката Марија Мијакова од IV-3 клас.

На присутните им се обрати директорот на Гимназијата, г-дин Славчо Давитковски кој ги поздрави матурантите и им посака понатамошен успех во нивниот живот и образование.

Традиционално кон матурантите се обрати и еден од класните раководители. Оваа генерација ја поздрави професорката Мимоза Костоска.

 

Свеченоста беше збогатена со настапот на естрадните уметници од нашиот град Наташа Малинкова и Мики Секуловски.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den