Свечено доделување на наградите од литературниот конкурс „Мајка”

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Свечено доделување на наградите од литературниот конкурс „Мајка”

По повод Меѓународниот ден на жената од страна на Локалната библиотека „ Гоце Делчев”и Клуб на писатели „ Коста Солев Рацин”- Велес, беше распишан литературен награден конкурс на теми:

 

„Мајка” „Мајчината љубов нема граници” и „За мама”.

{besps}stories/ucebna2017_2018/lit_konk/sliki{/besps}

 

Право на учество имаа ученици од oсновните и средните училишта во Општина Велес . Творбите бea селектирани во три категории и тоа од 3-то до 5-то и 6-то до 9-то одделение во основно и прва до четврта година средно образование.

 

Конкурсната комисија во состав: Лила Арсова-претседател,Божидар Јовиќ и Родна Јанчева во категоријата за ученици од прва до четврта година ја награди ученичката Ленче Ѓорѓиова од I-5 клас со ВТОРА награда под менторство на професор Александра Стојановска.

 

Литературната осмомартовска средба се одржи во Локалната библиотека „Гоце Делчев” и Клуб на писатели „Коста Солев Рацин”-Велес, во медиотеката на ден 07.03.2018 година.

 

Одговорeн професор:Александра Стојановска

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den