ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „РЕВИЗОР“ ОД НИКОЛАЈ ВАСИЛЕВИЧ ГОГОЉ

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „РЕВИЗОР“ ОД НИКОЛАЈ ВАСИЛЕВИЧ ГОГОЉ

Ни претставува особено задоволство и нè исполнува со радост фактот што талентот на младите гимназијалци, вљубеници во театарската уметност, се покажа и истакна и оваа година по повод Денот на училиштето и сто и десетгодишнината од раѓањето на нашиот поет Кочо Рацин.

{besps}stories/ucebna2018_2019/revizor1/sliki{/besps}

 

Гостите имаа можност да ја проследат изведбата на театарската претстава „Ревизор“ од Николај Василевич Гогољ. Адаптацијата на драмскиот текст и режијата се на Петар Андреев, ученик во четврта година во Гимназијата, под менторство на професорите по македонски јазик и литература: Александра Стојановска и Весна Павлова. Изборот на музиката го направи професорот Атанас Зафиров, видео обработка професорот по ликовна уметност, Крсте Шупев.

Во претставата настапија учениците: Кире Ацевски, Петар Андреев, Даниел Караманов, Петар Миновски, Михаил Павлов, Сами Ша, Кристијан Спирковски, Бојана Василковска, Талија Ѓорѓиева, Магдалена Арсовска, Софи Стојанова, Ивана Кичукова, Сара Андреева, Матеа Несторова и Виктор Kовачев.

Секако дека сите убави и амбициозни драмски проекти не би биле реализирани без несебичното ангажирање на учениците кои беа вклучени во техничката поддршка при подготовка и изведба на претствата. Постерот и флаерот за претставата ги изработи ученикот Дино Јанаќиев, а фотографиите од премиерата: Антонио Станков, Виктор Миладинов. Подготовка на фризура и шминка ученичките: Ева Димитриева, Александра Митева, Снежана Карастојанова и Пале Зврцинова, а тон-мајстор ученикот Зоран Нацев. Инспициент беше Кејти Андоновска. Водители на настанот беа учениците: Кристина Ончева и Филип Димковски.

Театарската претстава беше топло примена од присутните кои ја проследија со внимание и заинтересираност. Младите актери беа наградени од публиката со громогласен аплауз кој беше најголема пофалба и благодарност за трудот кој тие го вложиле во реализирање на претставата. Аплаузот беше и повеќе од заслужен затоа што младите актери пред себе имаа особен предизвик да бидат доследни на големиот руски писател Н. В. Гогољ, доследни на големината на великанот на светската литература.

Младите актери беа пријатно изненадени од својата храброст, смелост и амбициозност со кои се претставија на сцената Имаат искрени очекувања дека оваа комедија прекрасно ќе биде примена кај велешката публика.

Одговорни професори: Александра Стојановска, Весна Павлова

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den