Театарската претстава „Адвокатот Патлен“ пред деветтодделенците од нашата општина
Младите актери од СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ ја изведоа театарската претстава „Адвокатот Патлен“ пред деветтодделенците од нашата општина.На тој начина тие се обидоа да им порачаат на учениците кои го завршуваат основното образование,а имаат афинитети кон сценскиот настап и актерската игра дека ,како идни ученици на Гимназијата, би имале можност да го негуваат својот талент и да ги остварат своите желби дазастанат на театарска сцена.
Во велешкиот театар „Џинот“ веќе има пристоен број на млади уметници, кои сега веќе професионално се занимаваат со режија или со актерска игра, кои своите први обиди на ова поле ги започнале токму на театарските претстави кои ги подготвувале како ученици во Гимназијата.Се надеваме дека оваа убава традиција ќе продолжи и понатаму.