ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „РЕВИЗОР“ ОД Н. В. ГОГОЉ ПРЕД ДЕВЕТТООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД НАШАТА ОПШТИНА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ТЕАТАРСКАТА ПРЕТСТАВА „РЕВИЗОР“ ОД Н. В. ГОГОЉ ПРЕД ДЕВЕТТООДДЕЛЕНЦИТЕ ОД НАШАТА ОПШТИНА

Младите актери од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, на 20 февруари, во салата „Бели мугри“ ја изведоа театарската претстава „Ревизор“ пред деветтодделенците од нашата општина. На тој начин тие се обидоа да им порачаат на учениците кои го завршуваат основното образование, а имаат афинитети кон сценскиот настап и актерската игра, дека како идни ученици на Гимназијата, би имале можност да го негуваат својот талент и да ги остварат своите желби да застанат на театарска сцена.

{besps}stories/ucebna2018_2019/pretstava_2/sliki{/besps}

 

Во велешкиот театар „Ј. Х. К. – Џинот“ веќе има пристоен број млади уметници, кои сега веќе професионално се занимаваат со режија или со актерска игра, а своите први обиди на ова поле ги започнале токму на театарските претстави кои ги подготвувале како ученици во Гимназијата. Се надеваме дека оваа убава традиција ќе продолжи и понатаму.

Одговорни наставници: Александра Стојановска, Весна Павлова

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den