Тоше, во срце те носам!

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Тоше, во срце те носам!

Гимназијалците го одбележуваат 16 октомври, ден кога трагично згасна животот на дваесет и шестгодишниот Тоше Проески, големата музичка ѕвезда од нашата естрада.

Во својата куса, десетгодишна кариера, Тоше достигна популарност со молскавична брзина. Направи многу, оствари 100 концерти низ Македонија и Балканот. Сè што ќе отпееше, беше како создадено за него. Имаше дарба како со секоја нота и емоција да допре до публиката. Тоше, остави неизбришлива трага во секоја општествена пора од животот. Хуманоста беше составен дел на неговото секојдневие, на неговите концерти, накусо, на неговиот живот.

Во негова чест, учениците од Гимназијата „Кочо Рацин“, под иницијатива на ученикот Филип Настов и професорите-координатори: Магдалена Сарагинова, Јулијана Стумбова-Михов, Атанас Зафиров и Димче Зврцинов, во соработка со Црвениот крст на град Велес, го организираа овој хуманитарен настан и пригодна програма.

Гимназијалците создадоа литературни и ликовни творби на тема: „Тоше, во срце те носам!“

Учениците од прва година: Јана Пљокова, Андреј Митковски и Андреј Божиновски, под менторство на проф. Александра Стојанова; втора година: Василка Карталова, Андреј Димоски и Сандра Јосмов, под менторство на проф. Магдалена Сарагинова и од четврта година: Деспина Миланова, Никола Циунов, под менторство на проф. Цветанка Карамаркова; и Тамара Илијевска, под менторство на проф. Весна Павлова, создадоа лични поетски творби на темата и истите ги споделија со сите присутни.

Музиката е вечен сопатник на пишаниот збор и нивната врска е неразделна. Ако постоеше светлина, ја наоѓавме во моќта на неговиот глас, на секоја негова испеана песна, на харизма, талент. Уживавме и во музичкиот колаж од врвните музички остварувања на Тоше, во изведба на учениците: Филип Настов, Елена Шопова, Анастасија Крлева, Ива Ракиџиева, Симона Саздовска, Михаил Петковски и Ангел Богоевски.

Пред Тоше беше зацртана светска слава, но небото имало поинакви планови… Збогум голем човеку! Ангел беше на земјата, ангел веруваме дека си и на небото! Тоше од срце велеше: „Ве сакаме сите“! Сега ние велиме: „Тоше, ние, те сакаме тебе! Ти си тага, радост, гордост наша, македонска!“

Одговорeн професор: Магдалена Сарагинова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den