Трета размена на ученици на збратимени општини

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

TРЕТАТА РАЗМЕНА НА УЧЕНИЦИ НА ЗБРАТИМЕНИ ОПШТИНИ Велес Р.Македонија и Шербур Ен Контантин (Cherbourg-en-Cotentin) Нормандија, Р.Франција
Период 12 -19 март 2017 , Општина Велес

Во периодот од 12.03. до 19.03 2017 година нашиот град беше домаќин на третата размена на ученици помеѓу збратимените општини Велес-Шербур Р.Франција.

Допринос за успешноста на овој меѓународен проект дадоа и десет наши ученици кои активно се вклучија во сите активности во оваа размена,а воедно беа и домаќини на десет ученици од Франција.Нашите гимназијалци Шестакова Марија,Димитров Дамјан,Василевска Даниела,Неделковска Александра,Митева Александра,Трајковска Александра,Јорданова Василија,Калајџиев Јован,Ташкова Елеонора и Ковачева Лина,под менторство на професорите по француски јазик во период од една седмица беа активно вклучени во сите наставни и воннаставни активности , во кои што имаа можност да разменат искуства во поглед на образовниот процес,да направат споредба во однос на начинот на живот,навиките,размислувањата,културата,традицијата.

{besps}stories/ucebna2016_2017/fran/sliki{/besps}

 

Огромен акцент се стави на пријателството што се разви помеѓу учениците од двата збратимени града.

Искрено се надеваме дека оваа размена на ученици и добри практики ќе продолжи во иднина,затоашто тоа е најдобар начин на поврзување на две култури,две традиции,две држави.

Одговорни професори:

Темелковска Љубица

Миланова Билјана

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den