Учество на Семинар за талентирани ученици на тема „ Демократијата и Собранието“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Учество на Семинар за талентирани ученици на тема „Демократијата и Собранието“

Учениците од IV година: Симона Тренчева, Драгана Кичукова, Бојан Јаневски, Цветанка Мирова и Јованче Џоневски, како и одговорниот предметен наставник д-р Бошко Караџов, на 23 септември 2016 година, учествуваа на Семинарот за талентирани ученици на тема: „Демократијата и Собранието“.

{besps}stories/ucebna2016_2017/Talentirani_ucenici/sliki{/besps}

 

Семинарот беше организиран од Парламентарниот институт:при Собранието на Република Македонија. Во рамките на истиот нашите ученици активно учествуваа во атрактивните предавања за принципите на демократијата, во креативните работилници за улогата на Собранието во донесувањето на законите и во едукативните симулации на парламентарна дебата и водење политички дијалог. Највпечатлив дел од Семинарот беше организираната едукативна посета на работните простории на Собранието на Република Макадонија. Учениците стекнаа непроценливо искуство посетувајќи и разгледувајќи ги: свечената Пленарна сала, кабинетот на Претседателот на Собранието на Р.М., мајсторските резби во охридската и струшката соба, музејските поставки во палатата и останатите работни простории во Домот на народните избраници.

Одговорен професор Бошко Караџов

Подготвено од : Ангелина Додов и Соња Карбева

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den