Училишна делегација од гимназијата „Сомаре“ од Шербур го посети Велес

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Училишна делегација од гимназијата „Сомаре“ од Шербур го посети Велес

Во рамките на училишната размена помеѓу Велес и збратимениот град Шербур, Република Франција на 23 април годинава училишна делегација од гимназијата „Сомаре“ го посети Велес.

{besps}stories/ucebna2017_2018/serburn/sliki{/besps}

 

31 ученик и седуммина професори од гимназијата во Шербур во текот на денот имаа можност да проследат презентација за културните и туристичките потенцијали на Велес и на лице место да посетат повеќе знаменитости и локации меѓу кои Народниот музеј, Спомен костурницата и црквите.

 

На приемот во Општина Велес, свечено беше откриена уметничка слика дело на графичарот Ален Буо од Шербур која е предадена kако подарок за Општина Велес. Гостите професори и ученици од Шербур денеска ја посетија и нашата гимназија „Кочо Рацин“ каде остваривме средба и се надеваме дека оваа наша соработка ќе продолжи во иднина.

 

Одговорни професори:Миланова Билјана, Темелковска Љубица

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den