Унапредување на здравственото воспитание и заштита на учениците

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Едукација „Не за селфи на вагон,за животот се работи“

Во контекст на грижата за здравјето,па и животот на младите луѓе нашата Гимназија беше домаќин на претставници од Македонски железници – транспорт од Скопје и од Велес.Повод за нивната посета беше повторената ,дури и зачестената појава на нови случаи на повредени млади луѓе поради правење на самослик на вагон од воз.Да се потсетиме дека пред повеќе од една година 14 годишно момче загина откако се качи на вагон на железничката станица во Велес за да се слика.

Преку кампањата „Не прави селфи на воз – вреди да живееш“ Македонски железници се обидуваат да ги едуцираат учениците и да ја подигнат нивната свест за опасноста по нивниот живот која ја носи сликањето на вагоните на возовите.Со таа цел тие на 27.4.2017година ,во просториите на библиотеката, одржаа предавање за учениците.При тоа тие поделија флаери,а на учениците им беше прикажано и видео со сцени од млади кои настрадале во обид да ја докажат својата„ храброст“правејќи ризичен самослик.

{besps}stories/ucebna2016_2017/ne_za_selfi_vagon/sliki{/besps}

 

Директорот на Македонски железници – транспорт, Игор Коруновски, им порача на младите луѓе да патуваат со Македонски железници и да прават прекрасни фотографии во вагоните и од прозорците на возовите, а не качени на нив.Целта на возот е да се користи како превозно средство ,а не за фотографирање на покривот.Тој истакна дека младите луѓе сакаат да се докажуваат со правење на што поопасна фотографија.„Велес е железнички јазол и има многу пруги,поставени вагони и опасност од нив.Учениците треба да знаат дека над вагоните поминува струја од висок напон од 25 киловолти или 25 000 волти.За споредба, тоа е напон 5000 пати поголем од оној кој е потребен за да се наполни мобилен телефон.Младите треба да знаат колку голема опасност им се заканува доколку се обидуваат да ја докажуваат својата храброст со самослик на ризично место. Затоа кампањата ја именувавме:„Не за селфи на вагон – вреди да живееш“ и „Спречи го твојот другар да се докажува“-рече Коруновски.

Оваа кампања е поттикната од скорешниот случај кога електричен шок усмрти младо петнаесетгодишно момче во Скопје.

Учениците со внимание ја проследија едукацијата и ветија дека со она што го научиле ќе ги запознаат и останатите соученици.

Одржано предавање за заштита од полово преносливи болести

Покрај задачата на учениците да им овозможи солидно образование, нашата Гимназија води особена грижа за нивното воспитание во повеќе области.Здравјето и добрата физичка и духовна состојба на учениците секогаш и секако ни се на прво место.Со таа цел често организираме предавања по пригодни теми,а со цел унапредување на здравственото воспитание и заштита на учениците.

Во соработка со Здравствениот дом од Велес на 25.4.2017 година ,во просториите на библиотеката, за учениците беше одржано предавање на тема „Полово преносливи болести“

Со предавањењто беа опфатени претежно ученици од прва и втора година,а предавањето се реализира во две сесии. Во првото предавање беа опфатени девојките,а во втората момчињата.Предавачите Снежана Петрова и Ефтим Димитриевски со пристапен и за учениците разбирлив речник им ги објаснија последиците од сексуално неодговорното однесување и последиците од него.Тие посочија дека, покрај несаканата бременост, ризичното сексуално однесување може да предизвика низа полово преносливи болести кои сериозно можат да го нарушат здравјето. Како најголем ризик тие ја носат и опасноста од стекнување на привремен или траен стерилитет.

Тие ги советуваа учениците да бидат внимателни доколку се впуштат во ран сексуален живот и задолжително да користат заштита. Ги советуваа , доколку сепак имаат потреба од совет или помош при несакани ситуации, веднаш дасе обратат до своите родители и заедно со нив да се обратат и во Советувалиштето за млади кое функционира во Здравствениот дом во Велес.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den