ВЕЛЕС, ГИМНАЗИЈАТА И НАШИОТ ПАТРОН НИЗ СЛИКИ И РАСКАЗИ
И оваа година, во нашето училиште се одбележа роденденот на нашиот патрон – Кочо Рацин. Прв во низата настани по тој повод беше отворањето на изложбата насловена како: „Велес, Гимназијата и нашиот патрон низ слики и раскази“. По свеченото обраќање, директорот на Гимназијата, Гоце Алексоски, ја отвори изложбата и ги повика присутните да ја разгледаат.
{besps}stories/ucebna2018_2019/ist_izlozba/sliki{/besps}
Во холот на училиштето беа поставени девет паноа со слики и текстови соодветни на темата. Посебно драги гости беа учениците од основните училишта во градот, кои заедно со нивните наставници, ја разгледаа изложбата и се запознаа со настани, факти и дела, не многу познати на јавноста.
Овој настан беше подготвен од ученици под менторство на професорите по историја: Валентина Ристова-Арсовска и Сашко Николовски.