ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗА ЕКОНОМСКИ ПРАШАЊА – КОЧО АНЃУШЕВ, НА ЧАС ПО БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО
На 1 март 2019 година, на покана на професорката Aнисија Мајнова, нашата Гимназија, на часот по Бизнис и претприемништво, ја посети вицепремиерот – Кочо Анѓушев, во улога на бизнисмен и сопственик на ДОО „Брако“ – Велес. Часот по Бизнис и претприемништво, иако траеше повеќе од 45 минути, беше повеќе од интересен. Учениците од четврта година имаа можност да се запознаат со животното искуство на овој успешен бизнисмен. Патеката на успехот на овој бизнисмен е поврзана со животната желба да направи фабрика каква што имал неговиот дедо уште пред војната. Со многу посветеност, работа и упорност, ја оставрил својата животната желба и успешно чекори по започнатата патека. По таква патека можете да чекорите и вие, им препорача тој на учениците, само доколку се стекнете со знаење и вештини кои ви се неопходни за било каков успех.
{besps}stories/ucebna2018_2019/angusev2019/sliki{/besps}
Тој на учениците им рече дека е многу важно да имаат свои соништа и желби, да бидат упорни и храбри за да можат да го остварат својот сон и успешно да го сонуваат, секој во својата област. Учениците на часот исто така имаа можност да му постават прашања од областа на бизнисот и претприемништво, но и надвор од темата, а тој многу искрено, со лични примери и мудри совети им одговараше на поставените прашања.
Часот ја постигна својата цел, учениците имаа можност да слушнат уште едно животно искуство на уште еден успешен бизнисмен од нашиот град. Останува секој од нив да размисли каде, како и колку од советите и препораките ќе ги примени во текот на своето понатамошно образование и идна професија.
Одговорeн професор:
Анисија Мајнова