Врсничка едукација
На ден 28.10.2015 год. учениците од прва и втора година при СОУ “Гимназија Кочо Рацин” присуствуваа на обука „Превенција од болести на зависности“ од страна на врснички едукатори, волонтери на Црвениот крст. На обуката присуствуваа 20 ученици. На почетокот на обуката на учениците им беа поделени прашалници со општи прашања за зависностите од цигари, алкохол и дрога. Ученичките- волонтерки извршија презентација и ги поттикнаа учениците на дискусија за зависноста од цигари, алкохол и дрога. Обуката беше интерактивна и интересна за учениците. На крајот беа поделени истите прашалници со цел да се види колку учесниците научиле од самата обука. Беше поделен и едукативен материјал со корисни информации за болестите на зависности. Учениците задоволни и со збогатени знаења си заминаа од обуката.
Врснички едукатори:
Tања Илиевска
Славица Мишковска
{besps}stories/ucebna2015_2016/vrsnicka_edukacija/sliki{/besps}