ВТОРА РАБОТИЛНИЦА ОД ПРОЕКТОТ „ЧИТАЈ И МЕЃУ РЕДОВИ“
Проектот „Читај и меѓу редови“, организиран од Фондацијата „Фокус“, вопросториите на нашата училишна библиотека, ја реализираа вторатаработилница со првата група на средношколци од втора година.
Учениците покажаа дека умеат да размислуваат критички и да донесуваатсвои ставови по одредени теми. Индивидуално предлагаа теми на кои сакаат даработат при подготовката на осумте новинарски текста. Тие многу сериозно јасфатија улогата на новинари, без разлика што се релативно млади, бидејќипредлагаа теми што се од поширок интерес на локалната заедница. Еве некои одтемите на кои учениците сакаат да истражуваат: хигиенските услови воздравствените установи, односот на здравствените работници со пациентите,проблемите во спортот, па дури и на судење во разумен рок, носење напритвореници на судење, долготрајноста на судските постапки, педофилија, сошто оставаат впечаток дека размислуваат за опасностите што ги демнат.Предлог-тема беше и изгледот на учениците, додека се на настава, прекугардеробата која ја носат, шминката која ја употребуваат додека се во училишнитеклупи.
Работилницата успешно ја водеше експертот-новинар, Саше Димовски, којвели:„ Ако вака продолжиме со континуирана работа, тогаш ќе може да се зборуваза медиумски писмена млада генерација“. Тој истакна дека, станува збор засредношколци кои наскоро ќе бидат академски граѓани и од кои можеме многу даочекуваме. Новинарот Димовски апелираше до МОН да размисли за воведувањена предметот Медиумска писменост, како посебен или како дел од предметите вокои се застапени овие содржини.
Експертот Димовски истакна дека средношколците се најекспониранатагрупа и дека со нив ќе можат да постигнат видливи резултати во краток временскирок.
Одговорeн професор, Магдалена Сарагинова