ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ЗАОКРУЖУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

Одбележувањето на Денот на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ вообичаено вклучува низа активности. Се чувствувавме подготвени и ни претставуваше предизвик да спроведеме низа активности преку кои ќе ги презентираме активностите во нашето училиште. Со голема самодоверба пристапивме кон секој проект бидејќи знаевме дека меѓу нашите ученици ќе најдеме многумина кои својот талент и своето знаење сакаат да го покажат пред своите соученици, пред професорите, родителите и пошироката јавност. Традиционално како завршен дел на чествувањето на ликот и делото на нашиот патрон Рацин подготвивме пригодна културно –уметничка програма..

ЛИТЕРАТУРЕН И ЛИКОВЕН КОНКУРС

Активностите за одбележување на Денот на училиштето во учебната 2016/2017 година отпочнаа со доделување на наградите од ликовниот и литературниот конкурс кој оваа година беше распишан на тема „Да го отвориме срцето да го собере целиот свет“. Учениците создале прекрасни творби во поетска и прозна форма, како и ликовни творби, инспирирани од космополитизмот на Рацин. Жири комисијата за литературниот конкурс во состав: Соња Карбева, Цветанка Карамаркова и Елеонора Игновска ги разгледа пристигнатите творби и ги награди учениците. Во категоријата основни училишта наградени се следните ученици: Третата награда и припадна на ученичката Симона Калешова, ментор Горан Грков; Со втора награда е наградена Бојана Спасовска, ментор Наташа Брезовска Богоевска; Првата награда за учениците од основните училишта и е доделена на Паола Кадиева ,ментор Стефани Андреевска. Пофалници за учество добија учениците од основните училишта: Михаил Павлов, Мартина Пешова, Викторија Величкова, Алиса Којтази, Ајла Лековиќ. Во категоријата учесници од средните училишта жири комисијата им додели награди на следните ученици: Третата награда рамноправно им припадна на учениците од Гимназијата: Кире Ацевски,ментор Весна Павлова и Симона Борова,ментор Александра Стојановска; Двете втори награди им ги доделивме на учениците,гимназијалци :Драгана Кичукова ,ментор Магдалена Сарагинова и Петар Андреев ментор Цветанка Карамаркова; Првата награда му припадна на ученикот од ССОУ „Коле Неделковски“, Ристе Мулев, ментор Мариче Стојанова. На конкурсот со свои творби учествуваа и учениците со настава на мајчин албански јазик,ментор Линдита Маликова ,а со награди се здобија следните ученици: Трета награда освои Зелија Вели Втората награда ја доби ученичката Фатмије Алили Првата награда и е доделена на ученичката Џуласвие Арифи. Со пофалница за учество се здоби ученикот од ССОУ„Димитрија Чуповски“Ангел Станковски. На ликовниот конкурс пристигнаа творби изработени во повеќе ликовни техники. Професорот Трајче Михајлов,под чие менторство работеа учениците од Гимназијата изврши селекција на творбите и реши наградите да бидат доделени на следниве ученици : Трета награда на Андријана Стумбова; Втората награда ја доби Ева Димитриева; Првата награда и припадна на ученичката Александра Митева. Благодарница за учество на ликовниот конкурс се додели на ООУ „Методија Митевски Брицо“ од Лозово. Литературата е. исто така, нераскинливо поврзана и со јазикот.Во нашата Гимназија образование на својот мајчин, албански јазик, стекнуваат учениците Албанци кои на 22 ноември, одбележуваат значаен национален празник, поточно Денот на албанската азбука. По повод овој празник учениците:Џуласфие Арифи и Бесим Рамадани подготвија обраќање за овој ден важен за албанската национална култура и писменост, а учениците Ханифе Биба и Елмедин Салиевски изрецитираа творби избрани од поетскиот опус на познатиот албански писател Ѓерѓ Фишта. Во музичкиот дел од програмата настапија учениците: Мартина Арсовска,Кире Ацевски и Иван Милевски.

СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ ВО КОШАРКА, ФУТСАЛ И ШАХ

Патрониот празник на Гимназијата, Активот по Спорт го одбележува со низа на активности во форма на одржување на пријателски натпревари во кошарка и футсал со збратимени училишта од други општини од Републиката, како и со традиционален турнир во баскет кој го организираме по повод денот на училиштето. Па така одбележувањето го започнавме со одигрување на пријателски натпревар во футсал – машки, со екипата на Гимназијата „Гоце Делчев“ од Неготино, кој се одигра во салата на ООУ „Блаже Конески“ на 22.XI.2016г.- Вторник. Нашите ученици под менторство на професорите Марјан Далев и Славче Недев прикажаа допадлива игра и беа убедливо подобри од своите врсници од Неготино, а конечниот резултат гласеше 5:2 за нашето училиште.

{besps}stories/ucebna2016_2017/patronat/sport{/besps}

 

На 23.XI.2016г – Среда, наш гостин беше збратименото училиште ССОУ „Јосиф Јосифовски – Свештарот“ од Гевгелија со кое одигравме пријателски натпревар во кошарка – машки. Традиционалната соработка помеѓу активите по Спорт од двете училишта ја негуваме подолг период, со цел да ја издигнеме на што е можно повисоко ниво, а успешноста ја мериме преку пофалните зборови и задоволните лица на учениците и нашите колеги. Основниот мотив кој не води во овие средби е дружењето помеѓу учениците, меѓусебната соработка во разни форми, а спортскиот резултат има секундарно значење. Сепак натпреварот не би се нарекувал натпревар, ако нема и победнички карактер. Нашите Гимназијалци, под менторство на професор Зоран Јованов, го потврдија тоа совладувајќи ги гевгеличани со резултат 51:45. Резултатот во текот на целиот натпревар беше во наша полза, со што сите играчи добија шанса да настапат. Во однос на традиционалниот турнир во баскет, подготовките се во завршна фаза, следува реализацијата, за што ќе известиме во првата наредна прилика.

СПОРТСКИ ПОЗДРАВ

Одговорни професори:

Актив по спорт и спортски активности

 

ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

На 23 ноември 2016 г. во чест на издавањето на збирката„ Бели Мугри“ на Кочо Рацин, датум кој го одбележуваме како Ден на нашето училиште, Активот по странски јазици приреди литературно читање за учениците од нашето училиште. Освен поемата „Денови“ во изведба на Сара Тодоровска од 4-2, учениците рецитираа препеви на македонски јазик и оригинални поеми на светски познати автори. „Ако“ на Радјард Киплинг беше во изведба на Ива Демниева и Илина Димовска од 4-2. Филип Димковски од 2-5 и Барбара Бочварова од 4-2 ја рецитираа „Барбара“ на Жак Превер. Од германскиот автор Хајнрих Хајне, Јанче Коцев и Мартина Донева ја избраа поемата „Лорелај“, додека Пушкин беше претставен со поемата „Писмото на Онегин до Татјана“ прочитана од Енгинџан Асанов и Маргица Андреева од 3-1.

{besps}stories/ucebna2016_2017/patronat/citanje{/besps}

 

Добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата,Бруно Ромби, го претставија Миранда Адеми и Моника Таневска од 4-2 со поемата „На Розалија“. Пригодната програма ја водеше Стефани Петровска од 3-1, а за техничката поддршка беше одговорен ученикот Дамјан Кодовски од 4-2.

Одговорни професори:

Актив по странски јазици

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „СОН НА ЛЕТНАТА НОЌ“ ОД ВИЛИЈАМ ШЕКСПИР

Оваа година завршната вечер традиционално беше одбележана со изведба на театарска претстава. Гостите имаа можност да ја проследат изведбата на театарската претстава „Сон на летната ноќ “од Вилијам Шекспир. Адаптацијата на драмскиот текст и режијата се на госпоѓа Слободанка Чичевска, актер во велешкиот театар Џинот.Младите талентирани гимназијалци работеа под менторство на професорите по македонски јазик: Александра Стојановска, Весна Павлова, Цветанка Карамаркова и Соња Карбева. Изборот на музика го направи професорот Атанас Зафиров, а сценографијата и реквизитите се изработени под менторство на професорот Трајче Михајлов. Во претставата настапија учениците: Сандра Танчева, Сања Мирчева, Кристијан Јорданов, Константин Атанасов, Матеј Поповски, Стефан Николовски, Александра Мечкаровска, Петар Атанасов, Марија Панзова, Илијан Лазаревски, Милош Милошевиќ, Георги Тумбов, Кире Ацевски, Петар Андреев, Петар Миновски, Талија Ѓорѓиева, Бојана Василковска, Кејти Андоновска, Лазар Петкоски, Софи Стојанова и Магдалена Арсовска. Инспициент беше Емили Кошулчева,а тон мајстор Ненад Софијанов.Фоторафиите, постерот и флаерот за претставата ги изработи Дино Јанакиев.

{besps}stories/ucebna2016_2017/patronat/prestava{/besps}

 

Театарската претстава беше топло примена од присутните кои ја проследија со внимание и заинтересираност.Младите актери беа наградени од публиката со громогласен аплауз кој беше најголема пофалба и благодарност за трудот кој тие го вложиле во реализирање на претставата.Аплаузот беше и повеќе од заслужен затоа што не е мал предизвик да се игра Шекспир,а нашите ученици покажаа дека се дораснати за тој сериозен драмски предизвик кој мошне професионално го совладаа.

Одговорни професори:

Актив по македонски јазик и литература

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den