ЗАПОЧНА СО РАБОТА УЧИЛИШНИОТ КЛУБ НА ЦРВЕН КРСТ ВО НАШАТА ГИМНАЗИЈА

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ЗАПОЧНА СО РАБОТА УЧИЛИШНИОТ КЛУБ НА ЦРВЕН КРСТ ВО НАШАТА ГИМНАЗИЈА

Со одржување на ориентирската сесија, на 18 октомври, официјално започна да функционира Училишниот клуб на Црвен крст во нашата Гимназија. Сесијата беше изведена од страна на Орце Николов, секретар на ООЦК – Велес и волонтерите – наши ученици: Александра Здравевска, Андреј Ковиловски и Сара Атанасовска.

Училишниот клуб е поддржан од професорот Петре Петрушевски, долгогодишен волонтер и активист во Црвениот крст и професор по спорт и спортски активности. Присутните имаа можност да слушнат за идејата за настанување на Организацијата, принципите врз кои таа почива, амблемот, дејностите кои се изведуваат итн.

Во наредниот период нашите учениците, кои се дел од Училишниот клуб, ќе работат според Годишна програма која предвидува реализација на повеќе активности, главно на едукацијата, но и практични работи: еколошки акции, ликовни и литературни конкурси, одбележување на значајни датуми.

Ова е прв Училишен клуб кој се отвора во средните училишта во Велес.

Одговорен професор: Петре Петрушевски

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den