Промоција на збирката афоризми „Цветен Пазар“ од Атанас Крлевски
Нашето секојдневие,се повеќе, го карактеризира динамичниот живот исполнет со рокови,обврски, одговорности на професионален план. Се помалку време ни останува за семејството,за приватноста,па дури и за љубовта.Модерната заедница функционира на нов,современ начин,а и односите помеѓу партнерите,дали во љубовта или во семејството,се прилагодени на нови норми и правила.Токму овие нови,современи гледишта на партнерката,жената,бракот и семејството го инспирирале авторот Атанас Крлевски да создаде афоризми кои ќе ги објави во најновата збирка насловена „Цветен пазар“. Во неа од специфичен хумористично – сатиричен аспект тој ни го покажува своето ггледиште на овие прашања.Особено важно место во збирката на луцидни афоризми на Крлевски и е дадено на жената како вечна мистерија и носителка на убавото и копнежот.
{besps}stories/ucebna2014_2015/zbirka_aforizmi/sliki{/besps}
Нашите ученици со задоволство ја прифатија поканата да учествуваат при реализација на промоцијата на збирката. Избор од афоризми читаше ученикот Кристијан Јорданов.Тој заедно со Сандра Танчева ги запозна присутните со афористичната биографија на авторот. Промоцијата ја водеше ученикот Константин Атанасов.
Во улога на промотори на збирката, своето видување на опусот афоризми на Атанас Крлевски, го презентираа Душко Кралевски од Скопје, кој исто така пишува афоризми, и Ана Витанова – Рингачева литературен критичар од Струмица. Со својоата прекрасна интерпретација промоцијата ја збогати и сопран Вариса Хајдарпашиќ која настапи во пијано- придружба на Петар Штерјов.
Одговорни професори:
Соња Карбева