Државен натпревар по латински јазик
Учениците од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес имаат можност да го изучуваат латинскиот јазик ,како класичен јазик. Знаењата стекнати во средното образование ќе им бидат драгоцени на идните: филолози,правници,лекари, но и на сите идни интелектуалци. Затоа, голем број ученици од нашето училиште, избираат да го изучуваат латинскиот јазик, а најдобрите од нив оваа година не претставуваа на 45 Државен натпревар по латински јазик. Во конкуренција од педесет натпреварувачи, од сите Гимназии од Република Македонија, нашите натпреварувачи постигнаа навистина солидни резултати. Тие на натпреварот ги освоија следните места:
{besps}stories/ucebna2015_2016/latinski_drzaven/sliki{/besps}
- IV место Моника Таневска
- V место Миранда Адеми
- VIII место Елена Ќимовска
- XI место Бесим Рамаданов
- XII место Цветанка Ацева
На сите натпреварувачи им ги честитаме солидните резултати и им посакуваме уште посолиден пласман на идните натпревари.
Ментор
Професор Лилјана Стрезовска – Темовска