Државен натпревар по руски јазик

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Државен натпревар по руски јазик

И покрај тоа што мал број ученици го изучуваат рускиот јазик, желбата за продлабочување на знаењата од овој јазик се уште се негува. Со руската култура и јазик не поврзуваат многу заеднички културни белези, па затоа овој интерес не не изненадува.

{besps}stories/ucebna2014_2015/natprevari/ruski_18_04_2015/sliki{/besps}

 

На Државниот натпревар по руски јазик кој секоја година се одржува на Филолошкиот факултет во Скопје и оваа година учествуваа учениците од нашата Гимназија. Натпреварот се одржа на 18 април, а нашето училиште учествуваше со свои учесници, ученици од втора година.

Ученичката Сара Богоевска од II -1клас го освои првото место, а ученичката Христина Ѓорѓиевска oд II -1 клас го освои второто место. Се надеваме дека овој успех ќе го потврдиме и на меѓународната олимпијада по руски јазик која се одржува секоја година во Москва во периодот од 5 јуни до 12 јуни, 2015 година.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den