Државен натпревар по Македонски јазик и литература за трета година
На 19.04.2018 година, во просториите на СУГСГ “Орце Николов“- Скопје се одржа Државниот натпревар по Македонски јазик и литература.
На натпреварот учествуваше ученичката Пале Ѓорѓиева од III-4 клас, под менторство на професорката по Македонски јазик и литература, Цветанка Карамаркова. Од вкупно 12 пријавени учесници ученичката се вброи меѓу најдобрите учесници од средните училишта во Репубика Македонија и го освои петото место.
Искрени честитки за ученичката и во иднина и посакуваме бројни успеси!
Одговорeн професор: Цветанка Карамаркова