ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ЗА НАЈДОБАР ЕСЕЈ
Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на Република Македонија распиша награден конкурс за НАЈДОБАР ЕСЕЈ за сите редовни ученици на средното образование (гимназиско и стручно) и за учениците од деветто одделение на основното образование.
{besps}stories/ucebna2018_2019/esej/sliki{/besps}
Во категоријата – јазик за учениците од средно образование, на тема: „Дијалектите и стандардниот јазик како основа за идентитетот на еден народ“, ученикот Марко Инѓилизов од I-1 клас, под менторство на проф. Александра Стојановска, го освои третото место.
Доделувањето на наградите се одржа на 22 декември 2018 година во просториите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.
Одговорeн професор, Александра Стојановска