ФИЛИП И БОРИС – ПОБРЗО ЗАКРЕПНУВАЊЕ

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ФИЛИП И БОРИС – ПОБРЗО ЗАКРЕПНУВАЊЕ

Во организација на Сојузот на училишен спорт на Велес во изминатиов период се одиграа општинските натпревари во кошарка во машка и женска категорија. Резултатскиот аспект при секое натпреварување е значаен, меѓутоа позначајна е пораката која што Гимназијалците и тимовите од останатите средни училишта ја испратија до повредените членови од нашиот кошаркарски тим Филип Камчев и Борис Даев за побрзо опоравување и враќање помеѓу своите соученици и наставници.

{besps}stories/ucebna2017_2018/opst_nat_sport/sliki{/besps}

 

Нашата Гимназија достојно и солидно беше претставувана од следниве ученици: Андреј Ковиловски, Александар Ристовски, Злате Недев, Мартин Стојанов, Донче Бојчев, Бојан Ѓорѓиев, Гоце Караџолов, Ангел Кирков, Иван Саздов, Петар Лазаревски, Илијан Лазаревски, Ѓоре Николов, Марија Мирова, Сања Илијевска, Даниела Николовска, Ивана Андреевска, Тамара Мишеска, Надица Камчева, Марија Алексовска, Мила Пачукова и Ивона Србова под менторство на професорот Зоран Јованов, освојувајќи ги вторите места во двете конкуренции.

АКТИВ ПО СПОРТ И СПОРТСКИ АКТИВНОСТИ

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den