Футсал натпревари во машка конкуренција при СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес
Во рамките на активностите на Сојузот на училишен спорт при општина Велес, беше реализирана лига во футсал за ученици од средното образование.
{besps}stories/ucebna2017_2018/futsal/sliki{/besps}
Учество земаа пет екипи и тоа:
СОУ „Гимназија Кочо Рацин” – Велес, ССОУ „Јовче Тесличков” – Велес, ССОУ „Коле Неделковски” – Велес, ССОУ “Димитрија Чуповски” -Велес и ДСУ „Спортска Академија”.
Првото место го освои СОУ „Гимназија Кочо Рацин”. Натпреварите беа многу интересни и крајно неизвесни со многу промени на резултатот.
Следно натпреварување за првопласираната екипа беше зонското натпреварување во рамките на Зона Велес.
Екипата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин” и на зонскиот натпревар беше поуспешна од екипата на СОУ „Богданци од Богданци и се стекна со право на учество на Регионалниот натпревар во рамките на Источниот регион каде учествуваа четири екипи од следниве зони: Велешка, Кочанска, Кумановска и Струмичка зона.
На регионалното натпреварување екипата на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ беше поразена од екипата на ССОУ „Никола Карев” од Струмица во еден многу интересен и возбудлив натпревар.
Честитки до победничката екипа, која со оваа победа се пласира на Гимназијада, која оваа година ќе се одржи во Тетово.
Актив по спорт и спортски активности
Ментор: професор Славчо Давитковски