ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ СО ТРЕТА ПОБЕДА ДО ПРВО МЕСТО ВО ОПШТИНАТА
Дерби-натпреварот во Oпштинската лига во кошарка – машки, помеѓу СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и СОУ „Јовче Тесличков“ се одигра на 25 октомври 2018 година, во салата на ССОУ „Коле Неделковски“.
{besps}stories/ucebna2018_2019/kosarka3/sliki{/besps}
Во натпревар полн со емоции, борбена игра и цврсти одбрани, нијанси одлучуваа за победникот. Во одлучувачките моменти пресуди смиреноста и концентрираноста на нашите кошаркари и тимот на Гимназијата победи со резултат 45:37. Сите играчи кои добија шанса на натпреварот, максимално ја оправдаа довербата.
Со освојувањето на првото место, нашиот тим се квалификуваше за зонските натпревари, каде противници ќе ни бидат тимовите од Гевгелија и Валандово. Нè очекуваат уште четири возбудливи натпревари.
Водач на тимот, Зоран Јованов