КВИЗ-НАТПРЕВАР „БУВКО“

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

КВИЗ-НАТПРЕВАР „БУВКО“

На 5 февруари 2019 година, во просториите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, се одржа квиз-натпревар „Бувко“. Квизот беше од областа на математиката и информатиката и наменет за ученици од IX одделение. Со свои тимови учество зедоа сите основни училишта од градот.

{besps}stories/ucebna2018_2019/natprevar_buvko/sliki{/besps}

 

Првото место заслужено го освои тимот на ООУ „Блаже Конески“, составен од учениците: Антонио Донев, Василка Југова, Христијан Андовски и Филип Трајановиќ – ученик во I година при Гимназијата. Тимот беше предводен од наставничката по математика Тања Ингилизова.

Второт место го освои тимот на ООУ „Ј.Х.К. – Џинот“, составен од следните ученици: Благојче Ристовски, Данчо Наумов, Мартина Стаменкова и Мартина Мишкова – ученичка во I година при Гимназијата. Тимот беше предводен од наставникот по математика Игор Михајловски.

Третото место го освои тимот на ООУ „СВ. Кирил и Методиј“, составен од следните ученици: Христијан Гајдов, Андреј Андреев, Виктор Гаџов и Симона Мицева – ученичка во I година при Гимназијата. Тимот беше предводен од наставничките: Родне Петрушева, наставник по информатика и Вера Цветкова, наставник по математика.

Голема благодарност и за учениците и менторите: Оливера Танеска и Весна Здравковска од останатите два тима од училиштата ООУ „Благој Кирков“ и ООУ „Васил Главинов“.

Одговорни професори: Снежана Арсеновска, Гордана Саздова

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den