Организација за мировно образование од мегаши. Учениците направија своја претстава
По повод Патрониот празник на ОУД „Лазар Лазаревски“-Велес, беше распишан литературен конкурс на тема „Во чест на паднатите за татковината“ во две категории: поезија и проза.
Од многубројните пристигнати творби, чест, задоволство и среќа имаа учениците од нашата Гимназија да ги добијат првите места во двете категории.Ученичката Матеја Горевска од I-3 клас во категорија проза и ученикот Кристијан Јорданов од II-6 клас во категорија поезија.
Ментор на наградените ученици е професор Александра Стојановска.
Им посакуваме многу понатамошни творечки успеси и добиени награди.