ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО ХЕМИЈА

На 16 март 2019 година, се одржа Општинскиот натпревар по хемија, во организација на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, во просториите на ООУ „Васил Главинов“ – Велес.

{besps}stories/ucebna2018_2019/hem_nat/sliki{/besps}

 

На натпреварот учествуваа ученици од прва и втора година од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, натпреварувајќи се во прва и втора категорија и постигнувајќи доста солидни резултати. Голема благодарност до нашите ученици: Лилјана Ристова и Марко Инѓилизов од I-1 клас; Паола Кадиева од II-1 клас; Сара Николовска од II-3 клас; Тамара Трајановска од II-5 клас.

На Регионалниот натпревар кој ќе се одржи на 6 април 2019 година, се пласираа следниве ученици: Лилјана Ристова и Филип Јованов (од прва година); Паола Кадиева, Сара Николовска и Тамара Трајановска (од втора година).

Им посакуваме голем успех и добар пласман на нашите ученици.

Ментори: Петранка Стојанова , Марјан Стојановски

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: