Општински натпревар по математика

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Општински натпревар по математика

На ден 26.01.2019 година (сабота) нашето училиште СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ беше домаќин на Општинскиот натпревар по математика на кој земаа учество 38 ученици од средните училишта од нашата Општина. На натпреварот присутни беа директорот на Гимназија Кочо Рацин Гоце Алексоски, професори по математика од средните училишта во Општината, претседателот на Друштвото на математичари на Општина Велес Сениха Брзева и наставници од Друштвото на математичари на Општина Велес. Пред почетокот на натпреварот пред присутните им се обрати директорот на нашата Гимназија и претседателот на ДМВ посакувајки им успех на учениците.

{besps}stories/ucebna2018_2019/opst_natpmat/sliki{/besps}

 

Вкупно 17 ученици од нашето училиште се натпреваруваа во категории од прва до четврта година.

Од прва година се натпреваруваа учениците Кире Јорданов и Филип Трајановиќ под менторство на професор Марија Гајдова и ученикот Филип Јованов со ментор Оливера Левкова.

Од втора година се натпреваруваа учениците Андријана Арсовска, Марија Богоевска, Панче Пренџов, Илија Попов, Тамара Трајановска и Ива Донева под менторство на професор Оливера Левкова.

Од трета година се натпреваруваа учениците Симона Митрева, Веронија Кодовска, Филип Петковски и Јован Калајџиев со ментор Снежана Арсеновска.

Од четврта година се натпреваруваа учениците Борис Даев, Александар Андоновски, Иво Нерков и Александра Деловска под менторство на професор Мариче Лазаровска.

Учениците од нашата Гимназија постигнаа најдобри резултати и освоија четири награди и три пофалници.

Од втора година ученичката Марија Богоевска освои трета награда, а ученичката Андријана Арсовска се здоби со пофалница.

Од трета година ученикот Јован Калајџиев освои трета награда, а учениците Филип Петковски и Веронија Кодовска се здобија со пофалници.

Од четврта година учениците Борис Даев и Александра Деловска освоија трета награда.

Честитки до учениците и нивните ментори за постигнатите резултати на натпреварот. Учениците со најдобри резултати ќе учествуваат на Регионалниот натпревар по математика, кој ќе се одржи на 16.02.2019 година според календарот за натпревари утврден од Сојузот на математичари на Македонија.

Стручен актив по математика

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den