Општинска Ракометна лига

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Општинска Ракометна лига во машка конкуренција

Прво Коло 18.02.2015 год Спортска сала „Гемиџии“.

ССОУ„Коле Неделковски“- СОУ „Јовче Тесличков“

14:11 (07-01)

Натпреварот започна според сите стандарди и услови за одигрување на еден школски ракометен натревар. Тимот на СОУ„Јовче Тесличков“ го започна натпреварот со лоша игра и грчевито со доста технички грешки во играта , со што во првото полувреме постигнаа само еден гол а примија седум. Во второто полувреме играта им се подобри и постигнаа десет погодоци, но тоа не беше доволно за да ја победат екипата на ССОУ„Коле Неделковски“ која победи на јкрај со три разлика. На натпреварот беше најефикасен Јорданче Ташев кој постигна 5 гола.

{besps}stories/ucebna2014_2015/sport/rakomet_18_02_2015/sliki{/besps}

 

СОУ„Гимназија Кочо Рацин“- СОУ„Димитрија Чуповски“

30-09 (10-05)

Вториот наптпревар во рамките на општинската лига се одигра, крајниот резултат беше во корст на екипата на СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ со убедливи дваесет и еден гол разлика. За Гимназијата играа сите машки ученици од Спорската ракометна паралелка освен Никола Јованов од II-3 клас. Како најефикасни во натпреварот беа Филип Николов со седум и Стојанчо Симевски со шест гола. Напреварот беше фер и коректен од страна на двете екипи и се заврши во најдобар ред.

Табела:

    Одиграни натпревари Победи Нерешени Игубени Голови Бодови
1. СОУ„Гимназија Кочо Рацин“ 1 1 0 0 30:09 2
2. ССОУ„Коле Неделковски“ 1 1 0 0 14:11 2
3. СОУ„Јовче Тесличков“ 1 0 0 1 11.14 0
4. СОУ„Димитрија Чуповски“ 1 0 0 1 09:30 0

 

Организатор:

проф. Зоран Кочов

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den