Рецитаторски натпревар
Во рамките на XXVII Државен натпревар по македонски јазик и литература, на 16 мај 2015 година, во просториите на приватната Гимназија „Алгоритам“ – Скопје, се одржа Државниот рецитаторски натпревар.
На натпреварот земаа учество четири ученици од нашата Гимназија – Сања Мирчева, Сандра Танчева, Стефан Николовски и Константин Атанасов со своите ментори Александра Стојановска и Весна Павлова.На натпреварот беа пријавени вкупно 43 натпреварувачи. Комисијата изврши селекција, така што нашите ученици се пласираа меѓу најдобрите 19 ученика од средните училишта од Република Македонија.
Натпреварот се состоеше од два дела. Во првиот дел учениците се претставија со рецитација по сопствен избор. Во вториот круг сите финалисти ја интерпретираа песната ,,Небиднина’’ од Ацо Шопов.
Иако нашите ученици не се најдоа на листата на првите три места, менторите се задоволни од настапот на учениците, затоа што тие имаа солидна артикулација, правилна употреба на јазичните норми и емоционален израз сообразен со одбраната содржина.
Учениците се здобија со пофалници за учество во рецитаторскиот натпревар.