РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА

На 8 февруари 2020 година, Гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци беше домаќин на Регионалниот натпревар по математика, на кој земаа учество ученици од средните училишта од општините од регионот: Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија и Валандово.

Вкупно 8 ученици од нашето училиште се натпреваруваа во категории од прва до четврта година: од прва година се натпреваруваа учениците: Христијан Гајдов и Василка Југова, под менторство на професор Мариче Лазаровска; од втора година се натпреваруваше ученикот Филип Јованов, под менторство на професор Марија Гајдова; од трета година се натпреваруваа учениците: Марија Богоевска и Ива Донева под менторство на професор Оливера Левкова; од четврта година се натпреваруваа учениците:Даниела Николовска, Филип Петковски и Јован Калајџиев , под менторство на професор Снежана Арсеновска.

Учениците од нашата Гимназија ги постигнаа следните резултати: од втора година ученикот Филип Јованов освои трета награда; од трета година ученичката Марија Богоевска се здоби со пофалници; од четврта година учениците Даниела Николовска и Јован Калајџиев освоија трета награда, а ученикот Филип Петковски се здоби со пофалница.

Честитки до учениците и нивните ментори за постигнатите резултати на натпреварот. Учениците со најдобри резултати ќе учествуваат на Државниот натпревар по математика, кој ќе се одржи на 14 март 2020 година според календарот за натпревари утврден од Сојузот на математичари на Македонија.

Одговорни професори: Мариче Лазаровска, Марија Гајдова, Оливера Левкова и Снажана Арсеновска

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не: