ВТОРА ПОБЕДА ЗА НАШИТЕ КОШАРКАРИ

naslovna
Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

ВТОРА ПОБЕДА ЗА НАШИТЕ КОШАРКАРИ

Во рамки на општинската лига во кошарка – машки за ученици од средните училишта, на 22.10.2018г во салата на ССОУ „Коле Неделковски“ се одигра второто коло.

{besps}stories/ucebna2018_2019/kosarka2/sliki{/besps}

 

Противник на нашата екипа беше екипата на домаќинот ССОУ „Коле Неделковски“. Во рутинска игра, при што шанса да настапат добија сите членови од тимот, Гимназијата славеше со резултат 69:57. Најефикасни на мечот беа Бојчев од победничката и Зазов од поразената екипа.

 

Во третото и последно коло ќе се одигра дерби натпреварот против екипата на СОУ „Јовче Тесличков“, а победникот ќе учествува на зонските натпревари. Да се надеваме дека тоа ќе биде екипата на Гимназијата.

 

Водач на екипа: Зоран Јованов

 

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den