ВТОРО МЕСТО НА ПРОТИВПОЖАРНИОТ КВИЗ-НАТПРЕВАР
Во рамките на одбележување на Денот на ослободувањето на град Велес, под покровителство на Општина Велес, на 8 ноември 2018 година, се одржа 36. Општински противпожарен квиз-натпревар од областа на противпожарната заштита. Учество на овој квиз-натпревар земаа сите средни општински училишта.
Гимназијата ја преставуваше натпреварувачкиот тим во состав: Лилјана Ристова, Филип Трајановиќ и Ивана Кичукова, под менторство на наставник Силвана И. Печкова и го освои второто место. Нашите ученици беа добро подготвени и покажаа одлични познавања од областа на противпожарната заштита. Честитки до нив!
Одговорeн професор, Силвана И. Печкова