Со цел да се подобри квалитетот и ефикасноста на наставата, на ден 15 август
2024 година, наставниците од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес, ја проследија
обуката за користење на интерактивна табла „Давка“. Од страна на обучувачот
Александар Давков, на наставниците им беа презентирани техниките и вештините
за ефективно користење на интерактивната табла во наставата. Оваа обука во
голема мерка ќе им го олесни и осовремени наставниот процес на наставниците и
учениците.