Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, работен
тим од Гимназијата учествуваше на креативната работилница „ Дизајнерско
размислување за решавање предизвици во училиштата“. Тимот во состав на
учениците: Лилјана Андовска, Дамјан Донев, Јана Пљокова, Викторија Панзова, Филип
Андоновски, наставниците: Пале Трпкова , Силвана И.Печкова и психологот Анита
Смилевска работеше на усвојување на техники за совладување на предизвици со цел
да се зголеми учеството на учениците при донесувањето на одлуки. Во наредниот
период учениците во улога на тим лидери ќе иницираат заедно со своите соученици да
дефинираат пет предизвици со кои се соочуваат учениците во училиштето и ќе
предложат активности за нивно надминување.