На 18 февруари 2026 година, во просториите на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ –
Велес, беше реализиран едукативен настан по повод одбележувањето на „Меѓународниот
ден на жените и девојките во науката“, во соработка со Europe House Veles.
Настанот беше организиран од Стручниот актив по Природни науки и се одвиваше
во кабинетите по биологија, физика и хемија, при што учениците имаа можност активно
да учествуваат во изведба на експерименти и презентации.
Кабинет по биологија
Во рамките на биолошките демонстрации беа реализирани дисекција на срце и бели
дробови, како и микроскопирање на препарати од мускулно ткиво и крвен размаз.
Во активностите учествуваа:
Ања Трајковска (III-2 клас)
Бојана Мицевска (III-2 клас)
Теона Гаштарска (III-1 клас)
Малена Настова (III-4 клас)
под менторство на проф. Елизабета Николовска.
Кабинет по физика
Во кабинетот по физика беа изведени експерименти со Ван де Графов генератор и
плазма топка, преку кои беа демонстрирани електростатички појави и електрични
празнења.
Учесници во активностите:
Јована Благодовска (IV-1 клас)
Матеј Колев (II-2 клас)
Маргарита Наунова (I-2 клас)
Гергана Иванова (III-3 клас)
под менторство на проф. Драгана Тевчева.
Кабинет по хемија
Во кабинетот по хемија беа реализирани презентации за:
„Marie Curie“ – истакната научничка, добитник на две Нобелови награди и
„Carolyn R. Bertozzi“ – добитник на Нобеловата награда за хемија (2022).
Учениците изведоа и експеримент со флуоресценција на Tonic Water под UV
светлина, како и демонстрацијата „Хемиски камелеон“ – реакција со калиум перманганат
со впечатлива промена на бојата.
Во активностите учествуваа:
Нина Митевска (III-2 клас)
Теодора Панова (III-2 клас)
под менторство на проф. Марјан Стојановски.
Настанот претставуваше успешен пример на меѓупредметна соработка и активно
ученичко учество, со цел поттикнување интерес за STEM областите и охрабрување на
младите, особено девојките, за избор на научни кариери.
Горди сме на посветеноста и ентузијазмот на нашите ученици, кои со сигурност и
знаење ги презентираа своите експерименти пред присутната публика.
Стручен актив по Природни науки
(Хемија, Физика, Биологија и Географија)







