ОДБЕЛЕЖАН МЕСЕЦОТ НА КНИГАТА

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email
И оваа учебна година еден октомвриски ден го посветивме на благородната водилка во нашето живеење – книгата.
Искрено добредојде, во овој прекрасен октомвриски ден, им посакавме на учениците од деветто одделение од основното училиште: „Кирил и Методиј, „Васил Главинов“, „Блаже Конески“ и ,,Панко Брашнаров”.Со надеж дека во иднина ќе бидат наши ученици, ги поканивме и самите да бидат дел од активностите и манифестациите, преку кои ќе го покажат својот талент и своите можности и способности.
Годинешново одбележување го отпочнавме со интерпретација на стихови од поетската збирка „Дениција“ од Петре М.Андреевски од страна на учениците: Ања Трајковска, Бојана Мицевска, Катерина Здравева и Јаков Ѓоргоски придружувани со музичките звуци на виолината во изведба на учениците: Матеја Андреева и Кристина Станишева.
Денот посветен на книгата, беше збогатен со интересен интерактивен квиз со содржини од областа на македонската и светската литература и граматиката на македонскиот литературен јазик. Содржините од квизот посветени на важноста на книгата и читањето пред деветтоодделенците ги пренесоа учениците: Ана Бошкова и Кристијан Мартинов.
Преку цртеж кој го изработуваше на денешниот настан, ученичката Лили Божиновска испрати порака за важноста од читањето книги. Треба да читаме за да ѝ овозможиме на нашата душа да се насладува.Не постои поверен пријател од книгата.
Реализирањето на оваа активност беше координирана од наставниците по Македонски јазик и литература: Цветанка Карамаркова, Весна Павлова и професорите по Ликовна и Музичка уметност, Јулијана Михова и Атанас Зафиров. Програмата ја водеа учениците:Елена Сараулева и Матеј Славески. Пријатните мигови од овој ден со својот фотообјектив ги овековечија учениците: Сара Арсеновска и Ива Илиевска.

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den