ОДБЕЛЕЖАН ПРВИОТ УЧИЛИШТЕН ДЕН

Facebook
Telegram
WhatsApp
Email

Денес Гимназијата „Кочо Рацин“ на своите ученици им посака добредојдовте во семејството на најдобрите, чие мото е: Успех, ништо помалку!

Директорот и наставниците од нашето училиште на учениците им посакаа  здравје, среќа и успех во понатамошното школување, нагласувајќи дека секој од нив има за задача да продолжи до својата цел, гордо, смело, со желба за успех и постигнување на  солидни резултати.

Добредојде им посакаа и на учениците од прва година, истакнувајќи дека како ученици на Гимназијата ќе имаат можност преку наставата, но и преку избраните проектни активности, проекти и разновидни ангажмани, да го покажат, пред се, своето знаење, но и својата креативност и инвентивност, вештини и способности. Секој кој сакада напредува и да твори, а  тоа може  да го стори како дел од нас, најдобрите и најуспешните. Искрено добредојде на учениците од прва година, со изведба на неколку музички точки, им посакаа нашите ученици Ива Ракиџиева и Филип Настов. Програмата ја водеа ученичките Ана Бошкова и Нина Митевска. Тие, покрај својата улога на водители, на учениците од прва година им доближија дел од гимназиските денови исполнети со учење, дружење, забава, соработка, натпревари,  претстави, дебати и многу други активности.

Ученици, среќно во новата 2024/2025 учебна година!

Оставете коментар :

Мисија и Визија

Атрактивно, отворено, престижно училиште, предводник на современите образовни процеси, училиште кое на креативен начин ги поврзува стремежите на младите со науката, културата и спортот

Слични објави

Следете не:

Otvoren_den